Од:

Нови земјотреси во Охрид

Нови земјотреси го потресоа ноќеска охридско-ресенскиот регион. Првиот бил  со јачина од три степени по Рихтеровата скала, синоќа во 23.39 часот, а еден час подоцна имало уште еден земјотрес со јачина од 2,3.

Земјотресите биле на длабочина од два километри.

Над 1.000 земјотреси го потресоа овој регион во изминатиов период, а најсилниот беше со магнитуда од пет степени.