Од:

Ново задолжување од 6,5 милиони евра, СДСМ бара објаснување од Миноски

СДСМ бара објаснување од министерот за финансии Кирил Миноски за денешното задолжување со нови нето долг од 6,56 милиони евра.

– Недозволиво е Министерството за финансии во период на формирање на новата реформска Влада да продолжува со неконтролираното и нетранспаретно задолжување на граѓаните и идните генерации. Техничкиот министерот за финансии во заминување, Кирил Миноски ќе мора да објасни пред граѓаните за што ги задолжи со нови 6.56 милиони евра, ако се знае дека оваа недела нема доспеани обврски за враќање, се вели во соопштението од СДСМ.