Од:

Нуркање околу Титаник за 86.500 фунти

Туристите наскоро ќе можат да ги посетат остатоците од легендарниот брод Титаник, но картата за оваа авантура ќе чини 86.500 фунти.

Оваа атракција што биде достапна од следниот мај се наоѓа во понудата на лондонската туристичка агенција „Блу марвел прајват“ како осумдневно патување на последната станица на Титаник. Турата вклучува лет со хеликоптер од Њуфаундленд и јахта во водите на северниот Атлантик, објавува Дејли меил.

По дводневен престој на јахта, туристите ќе поминат пет часа „нуркање“ околу остатоците на Титаник на морското дно во посебно дизајнирана подморница која се спушта на големи длабочини. Ќе ја посетат палубата на бродот и ќе можат да видат некои од познатите места, вклучувајќи ги и познатите скалила.

Бројот на посетители во една тура е ограничен на девет.