Од:

Обединети за Македонија со јавна поддршка за децата со посебни потреби

Обединета Младина за Македонија јавно ги поддржува децата со посебни потреби кои како категорија на граѓани во Р.Македонија, смета партијата, дека се потполно запоставени и не им се овозможени апсолутно никакви услови со кои барем за момент би се почувствувале како дел од ова општество.

– Тие деца имаат во целост права како и сите останати во оваа држава, тие не се никакво чудо или нешто необично, тие се луѓе од крв и месо и заслужуваат услови какво што им прилегаат . Односно треба да уживаат услови кои ги има во секоја нормална држава каде граѓаните претставуваат една целина и каде не се врши поделба и дискриминација на истите, се вели во соопштението.

Оттаму велат мисијата е едноставна и треба да им служи на сите деца со посебни потреби и нивните семејства преку обезбедување на поддршка, помош, пристап до информации, обезбедување и остварување на нивните права и овластувања во сите сегменти на животот.

– Процесот мора системски и интегрирано да се решава со заедничка соработка со Министерствата за труд и социјална политика за образование, општините, училиштата, родителите, што ќе овозможи квалитетен живот од најрана возраст, се до вработувањето кога се вклучува бизнис – заедницата.