Од:

Објавен портретот на кралицата Елизабета за 90.роденден

Објавен е портретот за 90.роденден на кралицата Елизабета. На фотографијата, таа гледа директно во камера, додека нејзиниот син, принцот Чарлс гледа во неа. Фотографијата е сликана во замокот Виндзор.

Автор на портретот е Ник Најт, кој вели со оваа фотографија сакал, меѓу другото, да покаже и „топлина, хуманост, сила и традиција“

Елизабета, која стана монархот со најмногу години на тронот, наполни 90 години во април.

Таа роденденот го прослави со серија настани, а најголема беше свечената забава со пријателите во замокот Виндзор.