Од:

Обоени “пералната за пари на власта“ и Антикорупциска

Веќе три недели траат протестите поттикнати од колективната аболиција на претседателот Ѓорѓе Иванов на 56 политичари и луѓе блиски до нив, а денес со симболите на т.н Шарена револуција беа обоени импровизираната перална на пари на Владата, Државната комисија за спречување корупција и дел од столбовите од новата ограда на објејктот на Владата.

protest39Протестот, како и вообичаено започна пред седиштето на СЈО каде граѓаните искажаа поддршка за работата на оваа институција која настана по Договорот од Пржино а која треба да расчисти со индициите за криминал кои произлегоа од прислушуваните материјали. Луѓе од најразлична возраст со шарени балони со ликот на неодамнешниот премиер Никола Груевски извикуваа „Шутка не ти бега Никола“ и „Оставка, оставка“.

Маршот продолжи пред Собранието на Република Македонија. Пропратени со звучници од кои се слушаа револуционери песни, демонстрантите пред Законодавниот дом имаа прилика да слушаат за корупцијата и подмитувањата во земјава од Миша Поповиќ, Драган Малиновски и Сашка Цветковска.

На разглас се пуштаа и дел од бомбите а во кои зборуваат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, поранешниот премиер Никола Груевски и екс-министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, за зделки, тендери и провизии.

protest41По говорите, импровизирано во употреба беше пуштена и машината за перење на која пишуваше „Периме 24/7 – Влада на Република Македоија“ а набрзо беше и обоена во најразлични бои.

Оттаму демонстрантите се упатија пред Државната комисија за спречување криминал, и таму боејќи го седиштето на инситуцијата. Маршот кој заврши пред Владата на Република Македонија се одвиваше мирно, а заврши со бојадисување на оградата на седиштето на Владата.