Од:

Обвинителството со речиси никакви информации за истрагата за Собрание

Освен дека имаат „редовна комуникација“ со МВР и дека се поставени 6 обвинители да работат на расветлување на упадот од страна на стотици хулигани во Собранието каде што се тепаа пратеници, Основното јавно обвинителство водено од Марко Зврлевски и по два дена не соопштува никаква инфомрација за тоа што и како се работи на оваа истрага. Според нив, немало услови за да се информира јавноста.

Бројот на лицата лишени од слобода, конкретните дејствија на истражните органи, како и натамошните дејствија кои ќе бидат преземени, јавното обвионителство ќе и ги соопшти на јавноста кога ќе се создадат услови за тоа и откако надлежните јавни обвинители ќе завршат со првично утврдување на фактите.

НОВАТВ од извори во истрагата дознава дека во полиција не бил задржан ниту еден од приведените ноќта по тепањето на пратениците, а добар дел од нив биле ослободувани од комбињата по улици додека патувале кон станицата во Автокоманда по повици од високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ како градоначалници, министри и пратеници.

И покрај стотиците снимки и и фотографии од случувањата во четвртокот каде што се гледаат лицата на стотици учесници во насилната толпа, Обвинителството не соопштува ништо освен дека и за идентификување на истите биле во комуникација со полицијата. Се уште не постои ниту член од Кривичниот законик по кој што се води истрагата. Освен за учесниците, ОЈО не споменува дали се истражува и вмешаност на високи полициски структури во овој упад во парламентот како што веќе обвини и опозицијата, но и Министерот за внатрешни работи.

При прием на информации, согласно на поединечните настани, се преземаат конкретни мерки и дејствија. Поради обемноста во постапувањето на обвинителството до овој момент се вклучени шест јавни обвинители, но согласно потребите бројката на вклучени јавни обвинители се очекува да се зголеми, а се во насока на брзо и ефикасно расветлување на овие кривично правни настани. До овој момент не е поставена правна квалификација на извршените кривични дела. Поставувањето на конкретната правна квалификација за секое лице  за кое ќе се утврди дека сторило кривично дело ќе биде сторено откако ќе се собере потребниот доказен материјал одделно за секое лице инволвирано во кривично правните настани и по утврдување на фактите. Оттука ја известуваме јавноста дека Основното јавно обвинителство Скопје нема направено никаква преквалификација на било кое кривично дело и дека досега објавените информации во дел од медиумите се шпекулација, се вели во Соопштението.

 



Comments are closed.