Од:

Од април нова, креативно изработена банкнота од 50 евра

На 4.април во оптек се пушта новата банкнота од 50 евра, а во првата фаза се очекува да бидат пуштени 5,4 милијарди евра.

Според најавите, новата банкнота ќе биде украсена со портретот на божицата Европа од грчката митологија, а ќе има и подобра заштита со што би се отежнало фалсификувањето.

Ќе има и прозорче кое што ќе станува транспарентно кога ќе се сврти кон светло.

Освен тоа заштитно обележје на банкнотата е и бројката, која ќе менува боја кога банкнотата ќе се наведне.

Ова е четврта банкнота која доживува промена од воведувањето на единствената валута во ЕУ во 2002 година, откако претходно изгледот го променија банкнотите од 5, 10 и 20 евра.

Засега повеќе од осум милијарди банкноти во апоени од 50 евра се во оптек, што претставува 45 отсто од вкупните апоени.