Од:

Од четврток поларни температури во Македонија до -20 степени

Управата за хидрометеоролошки работи објави предупредување за поларните температури, проследени со снег и ветер кои се очекуваат во наредните денови.

„Значителна промена на времето ќе има од четврток кога поради спуштање на поларна воздушна маса од север ќе има од снег, најпрво во северните и западните, а потоа и во останатите делови.

Насекаде ќе се формира снежна покривка, на планините и до 50 сm. До сабота ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, поради што на места ќе има и снежни наноси.

Од петок температурите значително ќе опаднат. За време на викендот облачноста ќе се намали и ќе биде многу студено. Утринската температура наместа ќе се спушти и до -20, а максималната ќе се задржи негативна во интервал од -4, до -12 степени“, соопштија од УХМР.