Од:

Од утре престанува бесплатното возење во автобусите на ЈСП

Град Скопје информира дека од утре престанува бесплатното возење во автобусите на ЈСП, бидејќи алармантната ситуација со воздухот е смирена.

Ова значи дека скопјани во авотбусите на ЈСП, бесплатно се возеа два дена, како итна мерка од градочаланикот на град Скопје за намалување на сообраќајот како една од прчините за загадениот воздух.

– Во согласност со податоците од Министерството за животна средина и просторно планирање, коешто е надлежно за следење на квалитетот на воздухот, среднодневните концентрации на ПМ10 се под дефинираниот праг и епизодата од десет последователни дена е прекината. Поради тоа, од утре се укинуваат воведените мерки за бесплатен превоз за сите граѓани и ослободувањето од работа за вработените во Град Скопје и во јавните градски претпријатија над 60-годишна возраст со хронични заболувања, како и бремените жени, соопштува Кабинетот на градоначалникот.

Оттаму велат ќе продолжат со интензивна контрола на градилиштата, а тоа подразбира возилата што излегуваат од градилиштатада имаат измиени тркала и да се покриени со церади заради контрола на прашината.

Ќе продолжат со интензивното миење на градските улици и булевари што се во надлежност на Град Скопје и ќе продолжат со интензивен инспекциски надзор над инсталациите што се во надлежност на градот.