Од:

Одбојка, Европска лига: Македонија ја преслуша и Албанија

Фото: cev.lu

Најдобрите македонски одбојкари со нова максимална победа во Европската лига за оваа година. По Азербејџан во првото коло, во второто беше „преслушана“ и Албанија со 3:0 (по сетови: 25:21, 25:16, 25:22) за зацврстување на лидерската позиција на табелата во групата А.

Мечот со западниот сосед со, речиси, идентично сценарио како и воведниот во СРЦ „Кале“. Македонија беше подобар ривал, ја оправда фаворитската улога и не дозволи да се задржи на терен повеќе од три сета. Никола Ѓорѓиев и овојпат беше најефикасен поединец со 23 поени, Маџунков впиша осум, а Љафтов пет. Предводници на албанската селекција беа Хусај со 14 поени и Џелати со седум.

По изненадувачиот пораз од Албанија на стартот, Шведска го совлада Азербејџан со 3:2 (по сетови: 19:25, 23:25, 26:24, 25:9, 15:12) за прв триумф во настапите во Скопје.

Првиот турнир во групата А завршува денеска (недела) со дуелите од третото коло. Програмата ја отвораат Албанија и Азербејџан од 17 часот, Македонија и Шведска ќе играат од 19,30 часот.

Битките за место на Фајналфор во Европската лига во 2017 година потоа се селат во Тирана каде наредниот викенд, низ нови три кола во „Олимпик парк“, ќе биде познат и конечниот расплет во групата А.

Европска лига 2017

Група А, 2 коло

Албанија – Македонија 0:3 (по сетови: 21:25, 16:25, 22:25)

Шведска – Азербејџан 3:2 (по сетови: 19:25, 23:25, 26:24, 25:9, 15:12)

Табела: Македонија (2 победи-0 порази), Шведска (1-1), Албанија (1-1), Азербејџан (0-2).

Двојки за 3 коло (недела, 18 јуни)

Азербејџан – Албанија (17 ч.)

Шведска – Македонија (19,30 ч.)

Група Б, 5 коло

Израел – Унгарија 1:3 (по сетови: 19:25, 25:20, 13:25, 22:25)

Украина – Данска 3:1 (по сетови: 23:25, 25:19, 25:21, 25:22)

Табела: Украина (4 победи-1 пораз), Данска (3-2), Унгарија (2-3), Израел (1-4)

Двојки за 6 коло (недела, 18 јуни)

Украина – Унгарија (16 ч.)

Данска – Израел (18.30 ч.)



Comments are closed.