Од:

Одложено рочиштето за деветмината учесници во нередите во Собрание

Рочиштето за обвинетите кои на 27 април влегоа во Собранието и ги тепаа пратениците, новинарите и обезбедувањето, се одложи за 23 мај.

Причината за одложувањето беше тоа што еден од обвинетите, Ангеле Зафировски не беше спроведен од куќен притвор.

Судењето се одвиваше во мала судница во која немаше место за обвинетите, оштетените, новинарите, адвокатите и полициското обезбедување.

Судијката Милка Ангеловска Василевска рече дека големата судница била зафатена и немало услови за рочиштето да се одржува во друга судница.

Вкупно обвинети во овој случај се девет лица а се товарат за „учество во толпа кое ќе спречи службено лице да изврши службено дејствие“, додека оштетени се 21 полицаец.

Нути еден од обвинетите или нивните адвокати не сакаа да дадат изјава пред медиумите.

Додека траеше судењето, пред судот имаше мирен протест на „Тврдокорни“ кои како што рекоа, дошле да изразат поддршка за луѓето кои што си ја бранеле татковината.

На протестот присутни беа околу 50 лица и носеа знамиња со сонцето од Вергина како и транспаренти со пораки: „Верував во сè, но не дека моите ќе ми судат за Македонија“, како и „Слобода за патриотите, затвор за предавниците на Македонија“.