Од:

Одложено рочиштето за „Тврдина 2“, судијката на боледување

Рочиштето за случајот Тврдина 2 денеска повторно се одложи за 5 мај.

Причината за одложувањето е тоа што судијката Лидија Петрова била на боледување. На рочиштето не беа присутни ниту еден од обвинетите.

Како што кажа обвинителката Ленче Ристовска од СЈО, тие добиле решение од МВР со кое се декласифицираат голем дел од доказите за овој случај, но соработката со УБК се уште одела многу тешко.

Како што објасни Ристовска, УБК не сакала да ја прими поштата од СЈО.

Во „Тврдина 2“ обвинети се поранешниот началник на УБК, Горан Грујевски и шестмина вработени во УБК за уништување документација поврзана со системите од незаконското прислушување.

Тие се товарат дека уништиле 2.047 службени списи, од кои 22 се однесуваат на системите за следење на комуникациите.

Во овој предмет Грујевски е обвинет за фалсификување на службена исправа, односно документи со кои било прикриено уништувањето на системите за следење на комуникациите, а во „Тврдина“ за уништување на системите за прислушување.