Од:

Официјално: Вучиќ победил со 55,08 отсто од гласовите

Според официјалните податоци, актуелниот премиер Александар Вучиќ освоил 55,08% од гласовите (2 милиони 12 илјади 788 гласови) на претседателските избори во Србија одржани на 2 април.

По жестоката расправа  која трaела 4 часа членовите на Републичката изборна комисија (РИК) го усвоија извештајот за конечните резултати, при што 19 членови биле за, а 9 против, најголем дел од опозицијата кои сметаат дека целиот изборен процес бил со голем број нерегуларности.

На второ место е Саша Јанковиќ со освоени 16,36 отсто од гласовите (597.728 гласови), а трет Лука Максимович алијас Љубиша Прелетачевиќ Бели со 9.43 отсто или 344.498 гласови.