Од:

Охрид СОС: На Охридското езеро му се случува катастрофа

Фото Охрид СОС

Граѓанската иницијатива Охрид СОС на Фејсбук страницата објави фотографии на кои се гледа повлечената вода од Охридското езеро и остатоци од гориво.

– Добро утро Охриде, град на УНЕСКО тоа што си, со институции на кои екологијата приоритет им е и со иницијативи ко нашава шо од досада еко спинови прават само и еколози изигруваат за некакви си политички цели. А ова на сликиве што го гледате, сетоа тоа е природна колоритност, каква нафта какви хемии кои загадуваат, оваа шареноликост има за цел туристи привлекување, та не знаевте ли? Исто како што и намалувањето на количината на вода има за цел создавање нови крајбрежни плажички на кои и парапетчиња допрва ќе им заличат, со медитерански песок плажарски, бидејќи развој е не е шала, напишаа од граќанската асоцијација во статуисот приодруќен од морничавите фотографии на „македонскиот бисер“, коментираат иронично од Охрид СОС.

Фото Охрид СОС

Од оваа органзација која постојано укажува на штетноста на некои проекти кои се закануваат на Охрид да му одземат статусот на заштитено природно богатство од УНЕСКО, наведуваат дека „некој истура во езерото гориво“, но не се знае кој.

– Во овој период нема пловни објекти освен рибарите. Можно е преку канализација да се излева, во населба Охридати (на стотина метри од езеро) со месеци се забележува мирис на нафта во канализација, а надлежните креваат раменици иако граѓаните пријавиле за тоа, велат од Охрид СОС.

Фото Охрид СОС

Охрид СОС е иницијатива започната од неколку граѓани загрижени за одредени проекти кои се предидени да се спроведат во близина на Охридското Езеро без притоа да обрне внимание на еколошките катастрофи што ќе ги предизвика со таквите активности. Планираните проекти многу е веројатно да значат загуба на заштитата од УНЕСКО што Охрид и Езерото ја имаат уште од 1980 година. Тие се обидуваат проблемот да го решат по институционален пат, меѓутоа, борбата е долга и неизвесна. Затоа, тие бараат поддршка од сите граѓани на Република Македонија и пошироко за спас на Охридското Езеро.

Фото Охрид СОС

Лани во август, Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на седницата одржана во Истанбул усвои одлука со која се изразува сериозна загриженост за иднината на регионот на Охрид како резултат на големиот број инфраструктурни проекти кои биле предложени и заклучоците на проценката на влијанието што потврдува дека овие проекти веројатно ќе предизвикаат значителни потенцијални влијанија врз исклучителната универзална вредност на регионот на Охрид.

По оваа одлука на страницата отворена е петиција на www.change.org за заштита на едиствената локација во земјава под УНЕСКО.