Од:

Охридско лето: Прво лето на Иванов без Канческа, а со Алаѓозоски

Квечерината на отворањето на Охридско лето секоја година ги обединува политичарите, дипломатите, уметниците и други граѓани од јавниот живот.  Но по долги години претседателот Ѓорѓе Иванов неделава на 13 јули фестивалот го отвораше без вообичането „партнерство“ со Елизабета Канческа Милевска. Годинава до него седеше новиот министер од владата на СДСМ Роберт Алаѓозовски чиј што мандат беше отежнуван, па и оспоруван од претседателот Иванов. Освен поздрав, не разменија ниту збор за време на целиот концерт.

Според протоколот претседателот и министерот седат секогаш еден до друг. Така беше и сега. Алаѓозоски беше придружуван од сопругата Билјана Ставрова којашто по професија е новинар во телевизијата „Телма“. Иванов дојде со својот син и охридскиот градоначалник Никола Бакрачески.

Но оние кои не мораа не седеа до своите политички противници. Така на пример, екипата на НОВАТВ забележа дека во еден момент еден под друг седеа пратениците Томислав Тунтев од СДСМ и Сашо Василески од ВМРО-ДПМНЕ, познат по крвавите настани од собранието како еден од пратениците кои што ги отворија вратите за хулиганите во Собранието. Кога Тунтев забележа дека над него седи Василевски, се премести на другата страна.

                                                                  Тунтев во сина кошула долу, Василевски над него пред преместувањето

Екипата на НОВА забележа дека Античкиот театар во Охрид каде што се по 57 пат годинава се одржува традиционалното Охридско лето за прв пат на трибините поприсутни се политичарите на СДСМ отколку оние на ВМРО-ДПМНЕ, а како речиси никогаш досега отсутен беше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Немаше никој и од извршниот комитет на оваа партија. Од нив најчести гости во минатото беа и директорот на УБК Сашо Мијалков со сопругата Александра која е балерина.

Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска беше во друштво на својот сопруг Божидар Јанковски. Седеа во непосредна близина каде што беа сместени и амбасадорите на САД и ЕУ, Џес Бејли и Самуел Жбогар, со кој разменија и по некој муабет.

Охридското лето беше отворено со Макдонската филхармонија водена од диригентот Емин Џијан и популарниот американски џез квартет од „Four PlayЗа министерот Роберт Алаѓозовски фестивалот е голема одговорност кон традицијата, пред се кон уметниците и културните работници, кон сите големи светски и домашни ументички имиња. Оваа година фестивалското доживување ќе руши очекувања по успех рече министерот во своето обраќање.

„По повеќе од половина век изградба на „Охридско лето“, манифестацијата стои исправена пред предизвиците на модерното време, новите културни наративи, новите технологии, уметнички изрази и новата публика. Сигурни сме дека во периодот што доаѓа „Охридско лето“ ќе понуди нова верзиа за новите времиња“, рече Алаѓозовски.

Од „Охридско лето“ за оваа година највија 57 настани. Охрид ќе биде домаќин на над 300 врвни ументици, изведувачи и автори од 20 земји. Во музичкиот дел до 20-ти август на сцените во Долни Сарај, Антички, Св Софија освен џез, ќе се слуша и музиката на Рокс Симфони, Влатко Стефановски, камерниот оркестар од Битола,а ќе гостува и најпознатиот  Камерен оркестар од Кина.

Во драмскиот дел  фестивалската публика ќе ужива во домашни и странски претстави меѓу кои „Кралот Лир“, „Сон на летната ноќ“,  „Ана Комнена“,  „Жаба“ , „Отело“ и концертното шоу  „Меџик нешнл“ на романскиот национален театар. 40-дневниот фестивалски бум завршува на 20-ти август со претставата „Ничија земја“ во предворјето на црквата Св Софија.