Од:

ОЈО тапка во место за случајот на момчето што почина во затвор

Две години откако Далибор Горгиев од Неготино почина во затворот Идризово, Јавното обвинителство  се уште не се изјаснило дали ќе покрене обвинение и против кого. Случајот две години тапка во место. Неговата мајка Панда се сомнева дека Далибор бил тепан и бара виновниците да бидат казнети.

„Веќе две години чекам обвинителството да покрене обвинение, но нема никаков одгово0р од таму. Сакам виновниците за смртта на син ми да бидат изнесени пред суд“, изјави Панда Ѓоргиева, мајка на починатиот Далибор.

Неговото семејство веднаш по смртта се посомнева дека бил тепан бидејќи на телото имало модрици и траги од давење.

„Не знам од кого што, тука на вратот беше тепан, тука давен и тука тепан. Постојано плачеше викаше мајко јас ќе умрам, не ми кажуваше од што, си го однесе во гроб. Во разговор со затворениците ми беше речено дека бил тепан, дека требало да даде пари “ рече Панда Ѓоргиева, веднаш по смртта на нејзиниот син Далибор.

И неговата сестра Васка тогаш раскажа дека како три дена пред да почине на телефон и се жалел дека има проблеми. Не кажал за што се работи.

Се сомневаме дека е тепан, дека е малтретиран, имаме слики, пред да почине се слушнавме на телефон, ми кажа дека има проблеми. Од фотографиите се гледа дека е целиот со модрици, сакаме правдата да излезе на виделина правдата“, изјави Васка Ѓорѓиовска Мемет.

Далибор во затворот помина четири и пол месеци. Беше осуден на пет години затворска казна за педофилија, со обвинение дека покажувал порнографски фотографии и извршил полов напад на малолетничка. Семејството смета дека случајот е наместен. Но, она што сакаат да го дознаат е од што починал 25 годишниот Далибор, дали и кој го тепал во затворот Идризово.