Од:

Општина Карпош: Изгоре дел од историјата на Град Скопје

Командантот на Бригадата за противпожарна заштита Звонко Томески вели дека во пожарот во Карпош изгоре напуштена барака, а имало само зафатени простории на Институтот за политички науки и Заводот за урбанизам.

– Пожарот се прошири за околу седум минути, а екипите работеа токму на тоа да бидат спасени бараките на Институтот и Заводот. Екипите на Противпожарната бригада сега работат на расчистување, па се уште немаме официјални информации за штетите, ниту за причините. Дојавата за пожар беше во 12:15 часот, изјави Томески.

Неофицијално, пожарот што ги зафатил просториите на Заводот за урбанизам уништил и дел од макетите, скиците и архивските материјали за постземјотресно Скопје  како конкурсот за нов урбанистички план на Скопје на кој победија Кензо Танге и Хрватите Мишевиќ и Вензлер. Но што е се уништено во пожарот ќе се знае по истрагата од крим-техниката.

По избувнувањето на пожарот, евакуирани биле и учениците од СУГС „Здравко Цветковски“. Во дворот на училиштето, веднаш до бараките има гасна станица.

Во соопштението од општина Карпош се изразува жалење за пожарот во кој како што се наведува, изгоре поранешниот Градски завод за урбанизам кој е во стечај.

-Со ова заминува дел од историјата на Град Скопје, макети од значајни објекти, проекти и урбанистички планови, се вели во соопштението.

За општинските власти е „симптоматично е што пожарот многу брзо се ширеше“ и затоа Општина Карпош бара од Министерството за внатрешни работи – Службата за противпожарна заштита да направи темелна истрага за причините за пожарот.