Од:

Општина Центар ги сопре градежните активности на кејот на Вардар

Општина Центар соопштува дека овластен градежен инспектор на општината, по налог на градоначалникот Андреј Жерновски, излегол на терен за да ја констатира фактичката состојба со почетокот на градењето на улицата на кејот на Вардар, со решение на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, издадено на 31.12.2016-та година.

Жерновски: Незаконска е одлуката за изградба на улица на кеј

Притоа тој ја ги стопирал сите градежни активности на кејот.

– На градилиштето, како што пропишува законот, нема информативна табла кој е инвеститор, изведувач и надзор, нема податоци за одобрена техничка документација и одобрение за подготвителни работи. Целата оваа документација е неопходно да се поседува и да биде јавно истакната на градилиштето. На ова градилиште недостасува и елаборат за околчување на теренот од овластена геодетска фирма, лиценци за инженер за изведба, надзорен инженер и елаборат за заштита при работа. Затоа, овластениот градежен инспектор на општина Центар ја издаде наредбата за стопирање на градежните активности на кејот на Вардар, се вели во соопштението од Центар.