Од:

Општините не го исчистија снегот,граѓаните за скршеници можат да тужат

Снегот и замрзнатите улици ги наполнија болниците. Иако општините потрошиле илјадници евра за набавка на опрема и сол, очигледно заборавиле и дека треба да ги употребат. Досега со повреди и скршеници во клиниките се пријавиле над 160 лица. Народниот правобранител им порачува на граѓаните да не ја чекаат правдата и правата, туку да се борат за неа. За скршениците кои настанале како последица од нерасчистените улици, граѓаните можат да ја тужат општината во која паднале.