Од:

Ора, клетви и закани пред ДИК – функционери протестираат за ВМРО

„Ќосето е жив“, суптилни, па и директни закани до оние кои наводно сакале да им ја украдат победата – вакви се говорите на многу од актуелните функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои вечерва се собрани пред зградата на Државната изборна комисија.

Вечерва има шанса да ја признае волјата на народот или да се сооочи со гневот. Не сакаме немири и проблеми, само сакаме да ни се признае она што го заслуживме, рече Антонио Милошоски којшто беше носител во петтата изборна единица за ВМРО-ДПМНЕ.

Помеѓу присутните неколку стотини граѓани може да се забележат директори на училишта, директори на други институции, вработени во администрацијата, актери. Има бина, зурли и тапани, се вртат ора и се пеат патриотски песни, а на бината зборуваат функционери на партијата кои што често повторуваат „Лопови“ и „Нашето трпение истече“.

„Добија се што сакаа, на глава ни се качија, сите свети симболи во Скопје ги погазија. Е сега викаме „Доста е“. Ние нема да се повлечеме“, рече Филип Петровски, директор на Државниот архив којшто беше член на повеќе партии пред да прејде конечно во ВМРО-ДПМНЕ. Тој упати и закани до амбасадорот на САД, Џес Бејли иако во изјавата не го спомена директно неговото име туку го именуваше со „Амбасадарот“.

Не ги закрвувај односите на двете држави. Ти си и онака на заминување, ќе додје амбасадор кој повеќе ќе ја почитува Македонја, Немој да не провоцираш веќе.

Крсте Јовановски, актер во театарот  „Комедија“, одбра да рецитира стихови од Блаже Коневски од песната „Клетва“. Дел од нив, коишто ги прочита пред толпата, одат вака:

Кога човек ќе изгуби право на смеа да биде умен да дели правда….Тогаш му останува правоот да убива во мака, рецитираше Јовановски.

„Изминативе осум години ја имаа Државната изборна комисија, можеа да го пребројуваат избирачкиот список, па измислуваа фантоми. Лажеа дека од држвава заминале 600.000 луѓе, а едвај добија 1.000 луѓе од дијаспората. Што се случи? Македонија гласаше и одлучи победа за ВМРО-ДПМНЕ. Ова е народот“, рече Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ којшто прв се обрати пред пред толпата.

Валентина Божиновска, пак, пред присутните рече дека оваа вечер била „вечер на ножевите“.

 

 

 



Comments are closed.