Од:

Оскар – најмасовниот протест против Трамп: Еј Доналд, буден ли си?

Годинешното доделување на Оскарите ќе остане запаметено по објавувањето на погрешен филм како победник во категоријата за најдобро остварување, но пред се и по тоа што оваа културна манифестација се претвори во досега најмасовниот протест против американскиот претседател Доналд Трамп.

Во ова најистакнат беше домаќинот и водител на церемонијата Џими Кимел, кој цела вечер го исмеваше претседателот па дури на двапати и напиша твит за време на траењето на настанот, кој во живо се пренесуваше во над 150 држави во светот.

-„Оскар“ се гледа во над 225 земји во светот кои сега не мразат. Би сакал да му заблагодарам на претседателот Трамп… Се сеќавате кога „Оскар“ лани изгледаше расистички? Веќе никој не се сеќава на тоа, благодарение на него, рече Кимел отворајќи ја церемонијата, алудирајќи на забраната на Трамп за влез во САД на државјани од седум муслимански земји, како и на скандалот #OscarsSoWhite (Оскар е премногу бел), кога минатата година немаше ниту еден афроамерикански или латино добитник на наградата.

После најавата, тој влезе на омилената социјална мрежа на Трамп, Твитер и му напиша на претседателот:

-Еј Доналд, дали си буден? Те поздрави Мерил, алудирајќи на судирот на Трамп со оскаровката Мерил Стрип отворено ја поддржа Хилари Клинтон, како и всушност целата холивудска елита. Трамп оскаровката ја нарече „многу преценета актерка“.

По уводниот монолог, Кимел стана посериозен и почна да раскажува за тоа колку Америка е поделена, а потоа ја повика публиката со голем аплауз да ја поздрави „многу преценетата“ Мерил Стрип за нејзината дваесетта номинација за Оскар.

– Една актерка го издржа тестот на времето со своите бројни неинспиративни и преценети улоги. Ова е 20. номинација на Мерил… овој пат дури не ни беше во филмот, само го залепи нејзиното име на завршната шпица од навика, рече Кимел, продолжувајќи да се шегува на сметка на Трамп.

– Попатно, прекрасен фустан. Дали е тоа со потпис на Иванка?, ја праша Кимел Стрип, алудирајќи на модната линија на првата ќерка на Трамп, Иванка.

На Кимел му се придружија и добитници на Оскар. Така Бери Џенкинс, режисер на најдобриот филм “Месечева светлина“ рече:

-Сите Американци кои се чувствуваат дека немаат поддршка, можат да ја пронајдат во синдикатот на американските граѓански слободи и уметници, барем во следните 4 години.

Иранскиот режисер Ашгар Ферхади, кој ја освои наградата за најдобар странски филм „Продавач“, одби да дојде на церемонијата. На присутните им се обрати преку видео линк, и рече дека „не сака да присуствува во знак на револт од забраната на Трамп за влез на муслимани во САД“. На листата на забранети држави се наоѓа и Иран.

– Жал ми е што вечерва не сум со вас. Отсуствувам поради почит кон својот народ и држава, но и кон граѓаните од останатите шест нации на кои со овој нечесен и нехуман закон им е забранет влез во САД: Поделбата на светот на категорија американски непријатели создава страв. Тоа е оправдување за војна и агресија. Ваквото однесување ја ускратува демократијата и човековите права во земјите кои и сами се жртви на стравиќни војни, изјави Фархади.

Мексиканскиот актер Гаел Гарсија Бернал беше краток:

-Се противам на ѕидот што не раздвојува.

Италијанецот Алесандро Бертолаци кој ја доби наградата за најдобра шминка, порача дека својата награда им ја посветува на сите мигранти.

И пред оваа церемонија, холивудските актери беа жестоко против Доналд Трамп, а во текот на изборната кампања дури снимија и промотивно видео во кое ги молеа граѓаните на САД да гласаат за Хилари Клинтон.