Од:

Османи за НОВА: Зошто ДУИ се колеба за влез во влада со СДСМ

Зошто ДУИ нема да учествува во владата на СДСМ и покрај тоа што се договорија за измена на Законот за употреба на јазиците?

Во подкастот со Борјан Јовановски, портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, објаснува какви се плановите на партијата на Ахмети и дали Законот за употреба на јазиците излегува од рамките на Уставот.

„Во целиот период имаше премногу обвинувања во однос на валдеењето на ДУИ. Ние не сакаме да оставиме една дамка во нашето работење. Со нашето неучество во Владата, ќе овозможиме целосно да се прегледа и анализира работата на ДУИ во изминатите десет години. И на тој начин би го исчистиле наследството што ова историско движење го има кај Албанците и целата конспиративна пропаганда да се разобличи“, вели Османи.