Од:

Основен суд: Груевски влезе од задна врата поради загрозена безбедност

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски влегол од службениот велз во Кривичниот суд од Скопје затоа што безбедноста му била загрозена по проценка на МВР, ова се вели во соопштението на Судот пратено веднаш по одржувањето на Главната расправа по предметот „Насилство“ во кое што Груевски е обвинет за организирање на насилните протести пред општина Центар.
Судот, исто така, соопшти дека за следното рочиште издало наредба за присилно приведување за едно од петте лице кои не се појавија денеска.
Во однос на барањето на Јавниот обвинител од СЈО Гаврил Бубески за издавање наредба за приведување на обвинетите кои не беа присутни на денешната главна расправа, ја информираме јавноста дека за четворица од отсутните обвинети, на денешната расправа, судот констатира дека истите за прв пат не се јавиле на главна расправа и ја задолжи нивната одбрана во рок од 8 дена да достави оправдување за нивното отсуство, а што се однесува до едно лице кое по втор пат не присуствува на главна расправа, а истиот е уредно викан, судот издаде наредба за негово присилно доведување на следната главна расправа.

Во однос на влегувањето на дел од обвинетите од службениот влез на судот, заради присуство на денешната главна расправа, истото е спроведено по безбедносни проценки на нивното обезбедување кое од редовите на МВР.