Од:

Останува верен на „Сан Паоло“: Инсиње во Наполи до 2022 година

Лоренцо Инсиње останува верен на Наполи до 2022 година. Офанзивниот фудбалер на Наполи, според италијанските медиуми, потпиша нов петгодишен договор со клубот од „Сан Паоло“. Во него не е содржана откупна клаузула иако Аурелио де Лаурентис, претседател на „небесно-сините“, сакаше да изнесува 100 милиони како инструмент за спречување на ново сценарио слично на заминувањето на Гонзало Игуаин во Јувентус.

Инсиње е роден во Неапол. Ова сезона е една од најдобрите во неговата кариера, ако не и најдобра. Ефектот во неа се 16 гола и десет асистенции во 43 одиграни натпревари досега. Пред целосната афирмација во Наполи, претходно настапуваше за Кавезе, Фоџа и Пескара.