Од:

Парламентот на Албанија не избра претседател – нема кандидат

Парламентот на Албанија не успеа да избере претседател на државата, бидејќи никој не е предложен за оваа функција, објави агенцијата АТА.

Владејачката левичарска коалиција на албанскиот премиер Еди Рама не предложи кандидат како „знак на добра волја кон опозицијата на десниот центар“.

Опозицијата пак проценува дека актуелниот Кабинет ќе ги манипулира изборите со купување на гласови, од како што тврди трговија со наркотици.

Албанскиот Парламент со 140 пратеници, може да гласа за избор на Претседател на државата во пет круга. За да биде избран еден кандидат, тој во некој од трите круга мора да добие поддршка од најмалку три петтини од пратениците, односно 84. Но доколку не успее, за победа во последните два круга потребна е малку помала поддршка, од 71 пратеник.

Кандидатот мора да биде предложен од најмалку 20 пратеници.

Претседателската функција во Албанија е претежно церемонијална и ограничена на два мандати од по 5 години.

Сегашниот претседател на Албанија Бујар Нишани на оваа функција е од јули 2012 година.