Од:

Партијата на Макрон доби апсолутно мнозинство во парламентот

Во вториот круг на парламентарните избори во Франција, партијата на Емануел Макрон „Републиката напред“ добила апсолутно мнозинство, односно меѓу 335 и 425 места во парламентот, пренесува агенцијата АФП.

Републиканците и нивните сојузници според проекциите ќе добијат меѓу 125 и 133 места во парламентот. Социјалистите кои до минатиот месец беа на власт, се предвидува дека ќе добијат меѓу 45 и 49 места.

Крајно десничарскиот Национален фронт на чело со Марин Ле Пен добиле под осум мандати. Ова се првите неофицијални резултати откако избирачките места беа затворени во 20 часот. Овој, втор круг на парламентарни избори бележи низок одзив на гласачи и мала излезеност.

 



Comments are closed.