Од:

Пациенти со леукемија очекуваат државата да им обезбеди лекови

Третина од болните со хронична милоична леукемија на кои не им делува лекот што е на позитивна листа умираат бидејќи немаат достапност до неопходната терапија.  Тие бараат итна средба со министерот Таравари во надеж дека ќе го реши проблемот. Македонија е на дното на листата заедно со некои африкански земји каде болните умираат бидејќи немаат лекови. За тоа како пациентите си го продаваат имотот за да си го продолжат животот за некој месец,  а во светот овие луѓе живеат нормално, во ПРОЦЕС зборува Пепо Леви претседател на Здружението на пациенти со ХМЛ.