Од:

Пендаровски: Изјавата на Ју е најсериозната изјава дадена за Македонија

Стево Пендаровски, кандидат на СДСМ за претседател на минатите избори, вчера во дебатната емисија “Патот кон” на АлсатМ телевизија изјави дека ја слушнал најсериозната изјава за Македонија од меѓународен претставник зборувајќи за изјавите на американскиот претставник Хојт Брајан Ли по неговите средби со владата и опозицијата:

– Ју искажа серија тешки квалификациии за ова што се случува во Македонија, и тоа не ги кажа дипломатски, како што е вообичаено туку на директен и експлицитен начин. Тој излезе од средбата со Никола Груевски и рече дека сериозно треба да се испитаат злоупотребите на владините преставници. Тоа досега не се случило – вели Пендаровски.

Станува збор за најсериозна изјава дадена против македонската влада по последниве 20 години, вели Пендаровски. Високиот претставник на Стејт департментот побара Владата да ги процесурира и случаите за можни злоупотреби сторени од владини претставници, со исто толкава сериозност како што се води случајот против лидерот на опозицијата.

Според Пендаровски, оваа изјава значи дека САД најавуваат своја акција за решавање на македонската криза. Тој очекува дека САД нема се мешаат во форматот на преговорите што ги води Брисел, но ќе бидат повеќе присутни и ќе вршат притисок за истрага на сите наводи што можат да се чујат на снимените “бомби” на опозицијата.