Од:

Пенс до Пјонгјанг: Не ја тестирајте нашата решителност

Американскиот потпретседател Мајк Пенс ја предупреди Северна Кореја дека во игра се сите опции и ѝ препорача да не ја тестира решителноста на претседателот Трамп и силата на американската армија.

Во конфликтот со Северна Кореја околу атомската и ракетната програма на оваа земја, Вашингтон настојува да биде постигната максимална безбедност „со мирнодопски средства преку преговори, изјави Пенс, упатувајќи јасно предупредување до Пјонгјанг да не се обидува да ја тестира решителноста на САД и сојузниците.

-Тие ќе возвратат „ефективно“ на секаков напад со употреба на „конвенционално или нуклеарно оружје, изјави Пенс во Сеул, по средбата со вршителот на должност претседател на Јужна Кореја, Хванг Кио Ан.

Целта на посетата на американскиот потпретседател Пенс на Јужна Кореја е да се изрази солидарност на САД со сојузникот со оглед на заострените тензии околу севернокорејската нуклеарна и ракетна програма.

За време на посетата на Азиско-пацифичкиот регион, американскиот потпретседател Мајк Пенс во наредните денови треба да ги посети и Јапонија, Индонезија и Австралија.