Од:

Петар Пан и Ѕвончица долетаа во франкофонскиот парк

Петар Пан и Ѕвончица долетаа во паркчето кај Опатија. Преку нова урбана уметничка акција неколку анонимни активисти кои се дел од екипата за урбани уметнички акции, започнаа со процес на повеќе естетски интервенции.

Оваа акција е наменета за најмладата публика во паркчето кај Опатија, односно во франкофонскиот парк во центарот на Скопје но и во други паркови.

„Во наредниот период паркот ќе го посетат и супермен, атомската мравка, покемоните, Бетмен и Робин Худ. Идејата на оваа акција покрај естетската димензија и радување на најмладите да се истакне важноста на старите и возрасни дрвја и потребата за нивна заштита“, велат активистите.

Тие сакаат да ги заштитат дрвјата не само од сечење туку и да ја истакнат потребата за кастрење на мртвите гранки и обликување на крошните бидејќи улогата на старите и возрасни дрвја е незаменлива во филтрација на загадениот воздух во Скопје.