Од:

По 21 месец зад решетки: Ули Хенес избран зa нов претседател на Баерн

Фото: fcbayern.com

Ули Хенес доби поддршка од огромно мнозинство на 7.000 делегати на клупското Изборно собрание на Баерн Минхен за нов претседателски мандат кај Баварците. Тој се враќа на функцијата што ја напушти пред три години поради затајување на данок и затворска казна. Овојпат беше единствен кандидат за раководната позиција. За него гласаа 97 отсто од присутните кои го промовираа во наследник на Карл Хефнер, досегашното провремено решение.

„Во благодарам за укажаната доверба и ветувам дека нема да разочарам. Ќе се држиме сите заедно во борбата со противниците. Мило ми е што покрај Борусија Дортмунд за ривал го имаме и Лајпциг“, порача Хенес пред присутните.

Хенес во март во 2014 година беше осуден на три ипол години затвор за проневера на 3,5 милиони евра преку банкарски сметки во Швајцарија. На слобода беше пуштен по отслужување на пола од казната.