Од:

По над 20 години во Арсенал, ова е последната сезона за Венгер?

Веќе 21 година е на чело на англискиот фудбалски гигант Арсенал, и тековната сезона може да му е последната на Арсен Венгер во англиската Премиер Лига. По вчерашниот пораз од 3-1 на гостински терен против Вест Бромвич Албион, Арсенал ја доживеа најлошата низа под раководство на Французинот.

Тој информираше дека донел одлука за својата иднина а ќе ја соопшти наскоро.

Тој е постојано на удар на навивачите од Лондон, кои и вчера побараа негово заминување, а тоа речиси и сигурно ќе се случи доколку Арсенал не успее да обезбеди пласман на табелата која наредната сезона ќе им овозможи Лига на Шампиони.

На крајот од сезоната му истекува и договорот.

– Знам што ќе правам во иднина, не се грижите, ќе дознаете наскоро. Ова е најлошата низа на Арсенал во моите 20 години а тоа е многу поважно од мојата иднина, изјави Венгер.

По вчерашниот пораз, Арсенал е 5 бода зад Ливерпул, кој е на четвртото место, а кои денеска играат на гости кај Манчестер Сити.

Во меѓувреме Манчестер Јунајтед и Евертон се се поблиску, на само неколку бода од Арсенал и сериозно се закануваат за второто, третото и четвртото место кои водат во европската Лига на Шампиони.