Од:

По Серија А во Премиерлига: Мартин Касерес потпиша за Саутемптон

Мартин Касерес и официјално е нов фудбалер на Саутемптон. Искусниот репрезентативец на Уругвај се сели во Англија, откако летоска се раздели со Јувентус. Со клубот од „Сент Мери“ постигна договор до крајот на сезоната и задолжи опрема со бројот 12.

„Ми причинува задоволство што ќе бидам дел во еден од најзначајните клубови во Англија. Се радувам то наскоро ќе излезам на терен во обид да помогнам на новите соиграчи. Од опциите што го имав, мислам дека Саутемптон е најдобрата за мене“, истакна Уругваецот.

Касерес во кариерата играше и за Барселона и за Севилја. Со Каталонците во 2015 година ги освои титулите во Лигата на шампиони и во Примера.