Од:

Победа на социјал-демократите на изборите во Романија

Социјал-демократската партија во Романија победи денес на парламентарните избори, тврдат последните анкети реализирани на излезот на гласачите од избирачките места по затворањето на гласачките места во 21 часот.

Партијата ја напушти власта пред една година откако во една дискотека во Букурешт изби драматичен пожар во кој животот го загубија 26 лица а 180 беа ранети а некои од нив тешко. Премиерот Виктор Понта тогаш поднесе оставка.

Социјал-демократската партија во текот на кампањата ветуваше повисоки плати и пензии и би требало да добие 45 отсто од гласовите.

Противничките десни партии Либералната национална партија и Унијата Спас за Романија би требало да имаат 15 отсто помалку гласови. Овие партии не успеаа да добијат гласови и покрај корупцијата која го натера тогашниот премиер Виктор Понта да даде оставка.

Романците денес избираа 308 пратеници и 134 сенатори.