Од:

Почина актерката Лилјана Георгиевска

Лилјана Лиле Георгиевска почина вчера во Скопје на 77 годишна возраст. Актерка на Драмскиот театар Скопје беше од 15 август 1966 година, се до нејзиното пензионирање на 10 декември 1996 година.

Ќе остане запаметена по улогите на Ангелина во „Болен Дојчин“ од Георги Сталев, Арманда во „Учени жени“ нод Молиер, Ева во „Адам и Ева“ од Богомил Ѓузел, Бланш во „Транвајот наречен желба“ од Тенеси Вилијам и многу, многу други одиграни улоги.

Посмртните останки ќе бидат изложени утре, во капелата на Градските гробишта во Бутел од 11 часот, а погребот ќе се изврши во 12 часот.