Од:

Почина актерот Адам Вест – првиот Бетмен

Адам Вест, актерот најпознат по неговата улога на Бетмен во телевизиската серија од 60 тите години, почина на 88 годишна возраст, како последица на леукемија.

Тој за постарата генерација гледачи ќе остане познат по улогата на суперхеројот во телевизиската серија што ја емитуваше Еј Би Си, во тригодишен период од 1966 до 1968 година.

Вест во една прилика изјави дека прифатил да го игра ликот на Бетмен за забава, но како што рече, за да го постигне тоа, морал да не размислува така, туку да го навлече костумот и да се надева дека никој нема да го препознае.