Од:

Почина актерот Мартин Ландау

Американскиот актер Мартин Ландау, добитник на „Оскар” за споредна машка улога во филмот „Ед Вуд“, почина на 89-годишна возраст.

Како што се наведува, причина за смртта се „неочекувани компликации”, соопшти неговиот портпарол.

Ландау го доби „Оскарот” за филмот „Ед Вуд“ од 1994., за толкувањето на ликот на Бела Лугоши, глумец со унгарско потекло, кој глумеше во низа хорор филмови, меѓу кои и „Грофот Дракула“.

Првите повпечатливи улоги, Ландау ги имаше во ТВ сериите „Недопирливите“ и „Невозможна мисија“, за која доби два „Златни глобуса”. Тој има и своја ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.

Тој ја одбил ролјата на Спок во култната „Ѕвездени патеки”, што можеше да му донесе уште поголема слава.

– Толкувањето „лик без емоции“ би ме полудело. Ќе требаше да ми направат лоботомија, прокоментира Ландау во една прилика по тој повод.