Од:

Почина Михаел Најквист, актерот од „Девојката со тетоважа на змеј“

Шведскиот актер Михаел Најквист, најпопуларен по својата улога во филмот „Девојката со тетоважа на змеј“, почина на 56 години. Во трилогијата, Најквист го играше новинарот Микаел Блумквист.

Причината е рак на белите дробови од што боледувал година дена.

Во Шведска важеше за еден од најпопуларните актери. Тој започнал во театарот во Малме. Се појави и на екраните во холивудски филмови.

Покрај Том Круз глумеше во „Невозможна мисија“, а со Киано Ривс соработуваше во „Џон Вик“.