Од:

Почина музичката легенда Чак Бери

На 90-годишна возраст почина легендарниот американски музичар Чак Бери. Тој бил пронајден во несвест во својот дом во Сент Луис во Мисури. Во саботата лекарите пробале да го спасат но безуспешно.

Чак Бери или Чарлс Едвард Андерсон Бери е роден на 10 октомври 1926 година во Сент Луис, Мисури. Во 1986 година е еден од првите музичари кој влегува во Куќата на славните на рокенролот.

Бери е и на листата на 100-те најголеми музичари на сите времиња на списанието „Ролинг Стоунс“, а е носител Греми за посебен придонес кон музиката и развојот на музичката индустрија.

Меѓу хитовите на Чак Бери се „Johnny B. Goode“, „Roll Over Beethoven“, „Sweet Little Sixteen“, „Maybellene“, „Thirty Days“, „Too Much Monkey Business“, „You can not Catch me“, „School Days“, „Rock and Roll music“, и уште многу други.