Од:

Почина незаборавната Вања Лазарова

Денес почина Вања Лазарова – Димитрова. Во текот на повеќе децении имавме задоволство да ја слушаме нејзината незаборавна изведба на македонската народна музика.

Лазарова имаше 86 години  и беше еден од најстарите изведувачи на македонското музичко богатство. Лазарова беше родена на 27 април 1930 во селото Страцин, Кратовско.

Извесно време работеше во Операта при МНТ, а била членка и на Државниот ансамбл на народни игри и песни „Танец“.Лазарова има испеано стотина македонски изворни народни песни, од кои најголемиот дел се снимени во продукцијата на МРТ. Има настапувано на голем број концерти на повеќе континенти. Пеела во Алберт Хол во Лондон пред британската кралица Елизабета II и премиерот Винстон Черчил. Посебен придонес има во соработката со групата „Анастасија“ при создавањето на музиката за филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски.