Од:

Почина нобеловецот Ели Визел, сведок на холокаустот

Еврејскиот писател и општественик Ели Визел, кој го преживеа Холокаустот, како заточеник во нацистичките логори Аушвиц и Бухенвлад, почина во саботата на 87 години, објави меморијалниот центар Јад Вашем во Ерусалим.

Роден во 1928 година, Визел пишуваше главно за престојот во нацистичките концентрациони логори и во 1986 година ја доби Нобелова награда за мир. Норвешкиот Нобелов комитет, Визел го нарече гласник на човештвото.
Неколку години откако ја доби Нобеловата награда за мир ја основа Фондацијата Ели Визел која водеше кампањи освен за еврејското прашање и за правата на Индијанците Мискито во Никарагва, за беглаците од Камбоџа, за жртвите на апартхејдот во Јужна Африка, како и за жртвите на гладот и геноцидите во Африка.
„Јад Вашем ја оплакува смртта на Ели Визел – преживеан од холокаустот, добитник на Нобеловата награда и влијателен писател”, соопшти музејот на холокаустот на Твитер.
По повод смртта на Визел се огласи и американскиот претседател Барак Обама, кој меѓу другото рече дека тој бил моралниот глас на нашето време и на многу начини – совеста на светот.