Од:

Почина Рокфелер

 

Банкарот и филантроп Дејвид Рокфелер почина на 102 годишна возраст, објави Њујорк Тајмс.

Според семејството, тој починал од природна смрт.

Дејвид Рокфелер беше последниот од својата генерација во една од најпознатите филантропски семејства во светот. Тој управуваше со огромна мрежа деловни и филантропски компании кои опфаќаат области од заштита на животната средина до уметност. Тој исто така беше на чело на Банката Џеј Пи Морган Чејс.

За својот 100 роденден во 2015 на сојузната американска држава Мејн и подари над 2.000 хектари земја покрај националниот парк.