Од:

Почина рускиот амбасадор во Обединетите Нации

Рускиот амбасадор во Обединетите Нации Виталиј Чуркин почина денес, објави руското министерство за надворешни работи.

Амбасадорот починал одеднаш на своето работно место во Њујорк. Причината за смртта не е позната во моментов а руското министерство не е соопшти детали. Во вторник требаше да наполни 65 години.

Од 1994 година до 1998 година Чуркин беше амбасадор на Русија во Белгија и постојан претставник во седиштето на НАТО во Брисел.