Од:

Почна средбата Ахмети – Заев во седиштето на СДСМ

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, предмалку пристигна во седиштето на СДСМ, каде ќе има средба со мандатарот, Зоран Заев.

На средбата се очекува Ахмети и Заев да разговараат за поделбата на ресорите и можните министри за новите функции.

 

Според Уставот новиот мандатар  има 20 дена за екипирање на новиот владин состав, сепак, Заев по доделувањето на мандатот посочи дека очекува преговорите за формирање на владиниот кабинет да завршат многу порано од предвидениот рок,  односно за десетина дена.