Од:

Поддршка на оригинален начин: Бердих во патики со ликот на Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ го заврши настапот на Вимблдон во четврт-финалето. Поради болки во десниот лакт беше принуден да го предаде мечот на Томаш Бердих при водство на чешкиот тенисер со 7:6, 2:0. Србинот, како што и самиот истакна, ги чувствува непријатностите веќе година ипол и најмногу доаѓаат до израз на сервис и при користење на форхенд ударите. За наредниот период најави консултации со специјалисти и можност за предвремен крај на сезоната со цел изнаоѓање на долгорочно решение и рехабилитација што нема да подразбира и хируршки зафат.

Бердих сочувствува со проблемот што го измачува Ѓоковиќ и не заборави на него во полуфиналето на Вимблдон. Чехот против Роџер Федерер настапи во патики со ликот на српскиот тенисер на јазикот што не остана незабележано од светските медиуми кои го пренесоа гестот на 15. рекет на АТП листата.