Од:

Поднесување на Годишна даночна пријава до среда

Граѓаните на земјава имаат уште три дена за поднесување на Годишна даночна пријава. Рокот истекува на 15-ти март.

Шалтерите работат секој работен ден од 8:30 до 18 часот. Досега, над 215 илјади граѓани поднеле ГДП во канцелариите на УЈП и во даночните одделенија низ другите градови, а се проценува дека над 100 илјади ќе го направат тоа во последните 2-3 дена.