Од:

Покер „кралеви“ за „старата дама“: Реал М. ја одбрани титулата во ЛШ

Фото: uefa.com

Реал Мадрид ја одбрани титула во фудбалската Лига на шампиони и стана првиот тим кој успеал во тоа. Во вечерашното финале на „Милениум“ стадионот во Кардиф, „кралевите“ го совладаа Јувентус со 4:1 за вкупно 12. освоен трофеј во елитното натпреварување на УЕФА и

Двоен стрелец за екипата од „Бернабеу“ беше Португалецот Кристијано Роналдо во 20 минута и во 64, Каземиро погоди во 61 минута, а печат стави Асенсио кој, само што влезе во игра, во 90 минута успеа да го совлада Буфон. Почесниот за „бјанконерите“ беше ремек дело на Марио Манџукиќ во 27 минута.

Јувентус го заврши финалето со фудбалер помалку по исклучувањето на Квадрадо во 84 минута.

Јувентус – Реал М. 1:4 (1:1)

Стадион: „Милениум“ во Кардиф. Гледачи: 74.500. Гл. судија: Феликс Брих. Асистенти: Марк Борш и Штефан Луп (сите од Германија). Ж. картони: Дибала, Пјаниќ, Алекс Сандро, Квадрадо (Јувентус); Рамос, Карвахал, Крос, Асенсио. Ц. картон: Квадрадо (Јувентус) 84′. Стрелци: Манџукиќ 27′ за Јувентус; Роналдо во 20′, 64′, Каземиро во 61′, Асенсио во 90′ за Реал Мадрид.

Јувентус: Буфон, Кјелини, Бонучи, Барзалји, Алекс Сандро, Кедира, Пјаниќ, Алвеш, Дибала, Манџукиќ, Игуаин. Менаџер: Масимилијано Алегри.

Реал Мадрид: Навас, Марсело, Варан, Рамос, Карвахал, Модриќ, Каземиро, Крос, Роналдо, Иско, Бензема. Менаџер: Зинедин Зидан