Од:

Политичката криза во Полска продолжува

Полската политичка криза продолжува. Полскиот парламент е блокиран од 17 декември поради протестот на опозицијата.

Опозицијата не се согласува со плановите на премиерката Беата Шидло која најави дека ќе го ограничи пристапот на медиумите во Парламентот. Партијата на власт, Право и правда, сака да направи посебен предс центар кој нема да биде во просториите на Парламентот.

Освен тоа, опозицијата смета дека усвојувањето на буџетот за 2017 година е направено незаконски бидејќи гласањето било ораганизирано во друга просторија а не таа која била предвидена за гласање.

Власта и опозицијата преговараат но досега не успеале да најдат компромис па така опозицијата најавува нови протести. Во меѓувреме пред Парламентот речиси секојдневно има протести.

Од падот на комунизмот пред 27 години Полска немала ваква политичка криза.

Опозицијата бара буџетот да биде вратен на повторно гласање а шефот на партијата на власт Јарослав Качински тврди дека сите овие акции на опозицијата се “недемократски” и “незаконски”. Тој очекува набрзо претседателот на државата да го потпише буџетот за да стапи на сила.

Одговор на ова дојде од Грегор Шетина, шеф на опозициското движење Граѓанска платформа кој изјави дека гласањето на буџетот во Сенатот е всушност нарушување на законите.

Војната помеѓу власта и опозицијата во Полска се води од доаѓањето на власт на конзервативното мнозинство во октомври 2015 година. Опозицијата смета дека новата влада ја ограничува слободата на изразување и сака да ја наруши независноста на медиумите и судството.