Од:

Полицијата трага па Сеад Кочан

Полицијата трага по осомничениот бизнисмен Сеад Кочан, потврдија за НОВАТВ од МВР. Во Министерството за внатрешни работи попладнево пристигнало барањето за притворање од Кривичниот суд и се постапува по него.

Кога за некое лице е распишана интерна потерница, тоа прво се бара на адресата на живеење, а потоа и на работното место. Но, полицијата има право да го приведе и на улица доколку го идентификува. Исто така за потерницата е известена и полицијата на граничните премини, во случај ако се обиде да ја напушти државата.

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 вчера попладне ја прифати жалбата на СЈО и издаде наредба за приведување на сопственикот на фирмата „Транс Мет“, Сеад Кочан, осомничен за случајот „Труст“.

Покрај Кочан, во овој предмет осомничен е и Василије Авировиќ, овластен потписник на компанијата „Силекс неметали“, за кого судија на претходна постапка одреди мерки на претпазливост.

Според истрагата на СЈО, обвинетите фалсификувале документи со кои добиле тендер од 17 милиони и 200 илјади евра од ЕЛЕМ за ископ на јаглен и јаловина од рудникот Суводол. Овие три фирми на тендерот настапиле како конзорциум, а главен носител била „Транс мет“.